Ќе гори во Охрид: „Рибарите“ против Олимпијакос во четврт-финалето од ЕХФ Купот!
По елиминацијата на Дукла Прага, охриѓани се пласираа меѓу осумте најдобри екипи во натпреварувањето. Според ждрепката, Охрид првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен во Атина, додека реваншот ќе го одигра пред домашната публика. Термините за четвртфиналните дуели се 27/28 март и 4/5 април.
ЕХФ на извлекувањето го дефинираше и патот до финалето. Доколку „рибарите“ успеат да го елиминираат Олимпијакос, во полуфиналето ќе се сретнат со подобриот од двомечот меѓу Целје и Бузау, а и во таа фаза Охрид би го играл реваншот на домашен терен. Оваа ждрепка носи дополнителна симболика, ако се земе предвид дека минатата сезона во финалето на Европскиот куп се сретнаа Алкалоид и АЕК Атина, во дуел кој понуди многу драма и силни емоции.
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Татабања – Нилуфер
Целје – Бузау
Извиѓач – Карвина
Олимпијакос – Охрид