Пантер го тужел Партизан, црно-белите ќе треба да му исплатат повеќе од 200.000 евра!

Поранешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер ги тужел црно-белите и ги добил на суд, треба да му биде исплатена сума од 200.000 евра, плус 20.000 евра судски трошоци.

Белградскиот клуб го загуби спорот пред Арбитражниот трибунал на ФИБА против Американецот, кој го напушти Партизан во летото 2024 година и ја засили Барселона.

Според судските документи, нето платата на Пантер за сезоната 2023/24 изнесувала 2,35 милиони долари. Иако имал важечки договор за сезоната 2024/25, американскиот бек заминал во Барселона, а Партизан сметал дека не е должен да го плати таканаречениот „личен годишен данок на доход“, кој се пресметува во Србија за приход што надминува три просечни годишни плати.

Партизан, повикувајќи се на таа обврска, задржал две рати во вкупен износ од 350.000 долари, од кои половина подоцна му беа исплатени на играчот. Но, потоа Пантер покрена судска постапка и ја доби.

Судот пресуди во корист на поранешниот капитен на црно-белите, доделувајќи му 200.000 долари, со камата од пет проценти годишно, како и 20.000 евра за судски и арбитражни трошоци.

Доколку Партизан одбие да ја исплати сумата, може да добие забрана за трансфери. Ова е уште еден финансиски удар за црно-белите.