Партизан во катастрофална состојба, може да не добие лиценца од УЕФА
Новата управа не само што не успеа да ги среди работите, туку го стави во уште поголем хаос кој може да резултира со забрана за настап во европските купови. Српските медиуми тврдат дека клубот нема пари за плати за играчите, за персоналот или за било кого. Нема ни за покривање на основните обврски иако пред неколку недели од државата доби голема финансиска помош.
Што е најлошо, веќе во март доаѓа нов мониторинг од УЕФА од кој зависи дали Партизан ќе добие лиценца за настап во куповите. Ситуацијата во Хумска е толку лоша што, по сето погоре наведено, заклучокот е дека црно-белите ќе имаат тешкотии да го победат ОФК Београд во Хумска во сабота.
Како што стојат работите, ако Партизан остане на една здрава нога до крајот на сезоната, тоа ќе биде чудо.