„Бомба“ од Аргентина: Дибала почнал преговори за враќање во татковината
Дибала има договор со Рома до крајот на летото, но засега нема интерес за продолжување на соработката од двете страни.
Талентираниот фудбалер би можел да се врати во татковината по 14 години, каде што играше за Институто пред да се пресели во Палермо за 12 милиони евра.
Аргентинецот оваа сезона настапи на 22 натпревари, а притоа постигна три голови и четири асистенции.