Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Белгија

Македонската ракометна репрезентација во март ќе одигра два натпревари против Белгија во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Кристијан Грчевски го објави поширокиот список.

На списокот на Грчевски има 35 ракометарки, но истиот дополнително ќе биде скратен пред натпреварите.

Собирот е закажан на 1 март, додека три дена подоцна се игра првиот дуел во Белгија, а на 7 март е реваншот во Куманово.