Тиквеш го освои Ѓорче Петров: Лусианињо ги скроти „лавовите“ (ВИДЕО)
Кавадарчани доминираа во првото полувреме и имаа неколку добри шанси преку Стојанов и Ацковски, но Македонија ЃП успешно се бранеше од нападите.
Тиквеш конечно успеа да ја затресе мрежата на Јанков на почетокот на второто полувреме, но голот беше поништен поради офсајд.
Гостинскиот тим продолжи со нападите и во второто полувреме, а конечно до погодок стигна преку Лусианињо во завршницата. Голот може да се погледне ТУКА.
Тиквеш со оваа победа скокна до седмата позиција и има 24 бодови, додека Македонија ЃП е на 10. место со 19 бодови.



