Толку од Наполи - одбрана на титулата е невозможна мисија (ВИДЕО)
Актуелниот првак загуби на гостувањето кај Аталанта со 1-2 што е втор пораз во последните пет кола и вкупно шести оваа сезона. Дополнително боли ако се знае дека до 61. минута Наполи имаше водство од 1-0, а потоа дозволи домашниот тим да направи целосен пресврт.
Беукема го отвори резултатот во 18. минута и којзнае како ќе се одвиваше натпреварот ако не беше поништен пеналот врз Хојлунд на истекот на првото полувреме. Аталанта доби втора шанса и целосно ја искористи. Пашалиќ во 61. минута израмни, а Самарџиќ во 81. го комплетираше пресвртот на тимот од Бергамо.
За Наполи главна цел до крајот на сезоната ќе биде да избори пласман во Лигата на шампионите, а и тука ќе има тешка задача бидејќи уште четири екипи се блиску до него.