Реакции на Островот: Премиерлигаш користел авион за гостување од 160 километри

Бормут кој е еден од најмалите клубови во Премиер лигата се најде во центарот на вниманието поради одлуката на раководството патот за гостување од 160 километри да помине го помине со авион.

Имено, на ваков потег Бормут кој е од јужниот брег до Лондон со авион патуваше на натпреварот против Тотнем, а истото го повтори и за дуелот со Вест хем овој викенд. Летот како што пишуваат медиумите на Островот трае само околу дваесетина минути. 

Овој потег предизвика уште поголемо чудење, особено кога се знае дека возовите од Борнмут до Лондон патуваат за помалку од два часа, а возење со автомобил едниот до другиот стадион до стадион во идеални услови трае околу два и пол часа. 

Од Борнмут одбиле да дадат коментар, но извори од клубот наведуваат дека тренерот Ираола сака да го скрати времето на патување и така да обезбеди повеќе време за подготовка за натпреварите.

Премиер лигата, која пред една година ја започна својата Стратегија за одржливост на животната средина, немала коментар, нагласувајќи дека одлуките за транспорт им се препуштени на самите клубови.