Синот на Скоти Пипен предизвика жестока тепачка – го фрли ривалот во публика (ВИДЕО)
Вигинс реализира 28 поени со само едно промашување (9/10 од поле), додека Пауел додаде 25 поени. Солидна поддршка даде и Тајлер Херо со 14 поени. Кај Мемфис, Џарен Џексон Џуниор постигна 28 поени, што е негов најдобар учинок сезонава, а Џејлен Велс придонесе со 25. Сепак, Гризлис не успеаја да се вратат во натпреварот и го претрпеа 11. пораз во последните 14 меча. Гостите останаа конкурентни во првото полувреме благодарение на девет погодени тројки, но во продолжението Мајами ја презеде целосната контрола.
Натпреварот доби и непријатна завршница. На 80 секунди до крајот, Скоти Пипен Џуниор налета на бекот на Мајами, Маjрон Гарднер и го турна во првиот ред од трибините. Двајцата завршија на подот и дојде до кратка физичка пресметка, но инцидентот беше брзо смирен без поголеми последици.