Јувентус е во криза, Комо и вторпат ја доби „старата дама“ сезонава! (ВИДЕО)

Кризата во Јувентус продолжи и во денешниот натпревар против Комо кој „старата дама“ во Торино го загуби со 2-0.

На Јувентус не му оди во последно време и избраниците на Спалети ова беше трет пораз во низа во сите натпреварување и трет натпревар без победа во Серија А со што сериозно си ја загрозува позицијата за место во Лигата на шампионите.

Комо денеска знаеше да ги искористи своите шанси и на крајот сосема заслужено се радуваше на трите бода. Победата ја обезбедија со по еден гол во двете полувремиња, прво стрелаше Војвода, а потоа Качерет.

За Комо ова беше и втора победа против Јувентус сезонава бидејќи славеа и во рпвиот натпревар на свој терен исто така со 2-0.

Standings provided by Sofascore