Претседателот на РФМ на состанок во Загреб - можно е формирање на регионална лига!
Домаќини на состанокот беа луѓето од Хрватската федерација, а иницијативата предводена од Предраг Бошковиќ.
Како што информираат од РФМ на состанокто се разговарало за формирање на: Регионална машка и женска лига, нов систем на на натпреварување во Лигата на шампионите и ЕХФ купот каде првите две кола би биле регионални и формирање на кадетска лига за репрезентации.
„Овие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот“, порачуваат од РФМ.