Пелистер ја запре Струга и му направи услуга на Вардар (ВИДЕО)

Екипата на Пелистер освои важен бод во битката за опстанок и на свој терен успеа да остане непоразена од фаворитот Струга Трим Лум одигрувајќи (1-1).

Струга не го почна најдобро вториот дел, па така и по денешниот трет натпревар во овој пролетен дел остана без триумф во претходните два беа поразени од конкурентите за врвот Шкендија и Силекс.

Први дојдоа гостите до водство по половина час и тоа беше единствениот погодок во првиот дел. Пелистер и покрај негативата не се откажа и на 20-тина минути пред крајот на натпреварот со голот на Булатовиќ дојдоа до израмнување.

Ова реми му оди во прилог на Вардар кој сега има веќе девет бода повеќе од Струга на вровот, а Шкендија има шанса да дојде до второто место со три бода пред Струга, но тетовци викендов ги чека дерби со Силекс кое се игра утре.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PrvaMFL (@prvamfl)