ВМФЛ: Дербито во Струмица за Охрид, Кожуф ја изненади Брегалница
Дербито во Струмица го одлучи еден гол, лидерот Охрид славеше победа од 1-0 кај четвртопласирана Беласица. Шкендија Арачиново која е најблиску до Охрид и заостанува само еден бод не си дозволи кикс и на свој терен лесно се справи со Преспа, славеше триумф од 4-1.
Брегалноца е единственмата од првите три екипи која денеска не освои три бода и загуби во Гевгелија од Кожуф со 2-0.
Најубедлив во денешните дуели беше Детонит кој на свој терен постигна шест гола против фенерџијата Големо Коњари.
ВМФЛ 16.КОЛО
Беласица – Охрид 0-1
Детонит Плачковица – Големо Коњари 6-0
Кожуф – Брегалница 2-0
Осогово – Каменица Саса 1-0
Победа – Новаци
Шкендија Арачиново – Преспа 4-1
Слога Виница – Скопје 0-4