Класата е вечна: Мата даде гол од 40 метри на дербито на Мелбурн (ВИДЕО)

Шпанскиот ветеран Хуан Мата беше главна ѕвезда на градското дербито од австралиското првенство, меѓу Мелбурн Сити и Мелбурн Виктори.

Победи Виктори, чиј член е Мата, со 3-1, а во сите три гола учествуваше 37-годишниот напаѓач со тоа што два постигна, а за еден асистираше. Особено беше спектакуларен првиот, постигнат во 20. минута со кој го отвори резултатот, а кој го постигна во 20. минута од околу 40 метри.

 

 

Во судиското продолжение од второто полувреме Мата беше заменет, а по излегувањето доби заслужени овации од навивачите на Виктори.