Нова „бомба“ на Жута во Хрватска! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер, Леонард Жута втор меч по ред постигнува спектакуларен гол за Славен Белупо, овојпат на гостувањето кај Вуковар, меч кој заврши 2-2.

Македонецот погоди во 11 минута кога испрати топовски удар од далечина и му донесе водство на својот тим од 1-0.

На овој натпревар не играше Илија Несторовски.