Кандидат за претседател на Барселона вети дека ќе го купи Кејн (ФОТО)

На 15 март ќе се гласа за нов претседател на каталонскиот гигант Барселона, а еден од кандидатите пред изборите вети бомбастично засилување доколку победи во трката за претседателското столче.

Ксавиер Вилахоана вети дека ќе го купи Хари Кејн од Баерн Минхен доколку биде избран за нов претседател на Барселона.

„Грижата за нашите играчи од Ла Масија беше мој најголем приоритет, но секогаш ќе ни треба можноста да привлечеме елитен талент. Можеме да го оствариме тоа. Со ставање крај на финансискиот хаос и враќање на правилото 1:1“, напиша на „Ихс“ и објави и фотографија од Кејн во дресот на Барселона.