Иднината е светла: Вардар потпиша тригодишен договор со 16-годишен суперталент!

Екипата на Вардар официјално го осигура потписот на еден од најперспективните млади фудбалери во својата школа.,Филип Цветковски, кој денеска потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“.

Станува збор за суперталентиран 16-годишник, кој веќе дебитираше за првиот тим на Вардар – на првиот натпревар од вториот дел од сезоната во Првата лига. Со својот настап ги оправда очекувањата на стручниот штаб и управата, навестувајќи дека станува збор за сериозен талент. Од клубот истакнаа дека целосно ќе застанат зад неговиот развој.

„Вардар сите свои расположливи ресурси и знаења ќе ги вложи во овој млад фудбалер, со цел да се развие во голем играч кој во иднина ќе постигнува врвни резултати на фудбалските терени. Неговото време допрва доаѓа“, објавија од лидерот на прволигашката табела.

Вардар во моментов е лидер на прволигашката табела со 48 бодови, шест повеќе од Шкендија, а седум од третопласираната Струга.