Интер растурен на северот на Европа, Атлетико испушти победа (ВИДЕО)

Норвешкиот шампион Бодо направи уште една сензација во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен го растури лидерот на Серија А, Интер со 3-1.

Иако шампионатот на Норвешка е на пауза меѓу две сезони, Бодо од почетокот на оваа година три меча и сите три ги доби, а ривали му беа Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и сега Интер. На „нераѕурите“ очигледно не им одговараше вештачкиот терен на северот на Европа, не се снајде најдобро и ќе мора да се „вади“ на домашен терен.

По два гола вечерва беа постигнати во двете полувремиња. Фет во 20. минута го отвори резултатот, но се чинеше дека Интер се крева кога Еспозито израмни десет минути подоцна. Сепак, Бодо го комплетира изненадувањето со блицкриг во три минути во кои Хауге и Хог погодија за победа од 3-1.

Исклучително драматично беше во Бриж каде домашниот тим и Атлетико одиграа без победник (3-3). Шпанците водеа со 2-0, па со 3-2, но не издржаа до крајот и на домашен терен ќе мораат да се борат за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Првото полувреме заврши со 2-0 за гостите по головите на Алварез од пенал и Локман. Бриж израмни преку Онједика и Тресолди, но Ордонез подоцна си постигна автогол и го врати Атлетико во предност. Цолис во финишот уште еднаш ја затресе мрежата на Облак и му донесе добар резултат на Бриж.

РЕЗУЛТАТИ
Карабах - Њукасл 1-6
Бодо - Интер 3-1
Бриж - Атлетико 3-3
Олимпијакос - Баер 0-2