Се огласи и Мбапе: Јас го слушнав, пет пати му рече мајмун

Наводните навреди на Престијани кон Винисиус, кој го обвинува играчот на Бенфика дека го нарекол „мајмун“, го одбележаа првиот натпревар помеѓу португалскиот гигант и Реал Мадрид и беа доминантна тема по натпреварот.

Еден од најжестоките критичари по жестокиот натпревар беше Килијан Мбапе, кој не го криеше своето негодување во микс зоната.

„Играчот на Бенфика, чие име не сакам да го кажам бидејќи не заслужува, почна да зборува лошо, што е неприфатливо во фудбалот, но се случува и ќе се случува. Потоа го стави дресот пред уста за да го нарече Винисиус мајмун пет пати. Го слушнав тоа, има играчи на Бенфика кои исто така го слушнаа тоа и после тоа почна она што сите го видоа“, рече тој.

Францускиот интернационалец потоа рече дека треба да се посочи лицето што го смета за единствено виновно за ситуацијата, не сакајќи да ја генерализира ситуацијата, ниту да обвинува луѓе кои не заслужуваат.

„Многу пати сум бил во Португалија, имав среќа да имам многу португалски соиграчи и пријатели и никогаш ништо не ми се случило. И во вакви ситуации, многу е важно да се зборува јасно и да се каже дека има многу луѓе кои не направиле ништо. А на стадионот имаше 70.000 луѓе кои не направиле ништо, освен што го поддржуваа тимот“, додаде Французинот.

Тој го спомена и Жозе Мурињо, кој беше тренер на Реал Мадрид.

„Имам најголема почит кон Бенфика и нивниот тренер, кој е еден од најдобрите во историјата, но овој играч не заслужува повторно да игра во Лигата на шампионите. Ова е натпреварување кое ги возбудува сите, нас играчите, новинарите, навивачите. Мора да им дадеме најдобар пример на младите луѓе и ако дозволиме вакви работи да се случат, вредностите на фудбалот се безвредни. Нешто мора да се направи“, заклучи Мбапе.