За играчите на Реал важат други правила: Валверде удри бокс - не доби ни жолт (ВИДЕО)
Благодарение на штетните судиски одлуки, за кои има потврда и од судиската комисија во Шпанија, Реал се врати на првото место на табелата во Ла Лига, а очигледно за неговите фудбалери важат сосема поинакви правила. Вчера се случи уште една многу сериозна и видлива судиска грешка во корист на Реал.
Во финишот на натпреварот имаше дуел меѓу дефанзивецот на Бенфика, Самуел Дал и играчот од средниот ред на Реал, Федерико Валверде. Во борбата за позиција, Уругваецот на Реал ја премина линијата и намерно го удри Швеѓанецот во главата.
Судијата Франсоа Летисие не се огласи, па Валверде помина не само без исклучување, туку и без жолт картон. Уште посрамно е што неми останаа и судиите во ВАР собата и покрај тоа што јасно се гледа дека во моменти на очај, Валверде со бокс го удир противничкиот фудбалер.