Драма на аеродром: Уапсена ѕвезда на Лејкерс - му била пронајдена дрога во џебовите!
Центарот, кој е роден во оваа држава, бил приведен непосредно пред да ја напушти земјата, но по кратко време бил пуштен на слобода. Неговиот агент потврди дека станува збор за мала количина марихуана, која според законите на Бахамите е нелегална. Инцидентот, за среќа на играчот и клубот, немал посериозни последици и не се очекуваат дополнителни санкции, со оглед на тоа што се работи за помал прекршок и краткотрајно задржување.
Ејтон пред почетокот на сезонава потпиша двегодишен договор со Лејкерс, а во НБА лигата влезе како прв пик на драфтот во 2018 година, кога беше селектиран од Финикс санс. Пред три години се пресели во Портланд, а оваа сезона настапува за клубот од Лос Анџелес, каде што ја дели соблекувалната со Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.
Се очекува Ејтон без проблеми да се врати во САД и да продолжи со настапите за Лејкерс, без овој настан да има влијание врз неговиот статус во тимот.
ФОТО: EPA PHOTO