Капитенот на МЗТ со куп-пехарот и златен медал посети навивач во болница (ВИДЕО)
Во неговата болничка соба беше донесен освоениот пехар од Купот на Македонија беше донесен, како симбол на поддршка и заедништво. Капитенот на екипата Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓорески и тренерот Васко Атанасов му врачија и златен медал, специјално обезбеден за него, со цел да му дадат дополнителен мотив и сила во борбата за оздравување. Од клубот порачаа дека МЗТ Скопје е повеќе од спортски колектив и дека навивачите се нераскинлив дел од „плаво-белото семејство“.
„Мачор – цел МЗТ е со тебе“, порачаа од клубот, испраќајќи силна порака на поддршка и солидарност.
Станува збор за долгогодишен навивач и еден од основачите на групата Фемили, кој истовремено е и татко на талентираниот ракометар Марко Божиновски, кој пред неколку години ненадејно почина во сон на само 20-годишна возраст.