Откриени детали: Роналдо во Јунајтед му водел инат на Тен Хаг!
Според неговите зборови Роналдо не сакал да извршува едноставни задачи за пресинг на противничката половина и тоа била главната причина од која почнал судирот помеѓу Тен Хаг и Португалецот.
„Му кажував на Роналдо, тоа што бара од тебе е да бидеш прв во пресингот, да направиш еден-два спринта, можеби и трет ако почувствуваш дека можеш. Тогаш врати се во средина за во случај да ја освоиме топката да играме на тебе. Тоа е се што треба да правиш. Ако не го правиш, нема да играш или ако не сакаше, не можеш да бидеш на теренот“, открива Мекларен.
Според неговите зборови други тренери можеби би попуштиле и би се прилагодиле на Роналдо, но Тен Хаг не сакаше.
„Не знам, можеби би попуштиле, но Ерик не сакаше ништо да менува и ми кажа, јас тоа го правам и тој тоа мора да го прави, ако не нема да игра“, објасни Мекларен.
Подоцна Роналдо влезе во отворен конфликт со холандскиот стратег и јавно го критикуваше во интервјуто кај Пирс Морган, а неколку дена потоа и си замина.