Италијанците најавуваат пресврт: Влаховиќ се предомислил?
Иднината на Влаховиќ во изминатиот период беше една од главните теми во италијанските медиуми и на големо се пишуваше дека ќе замине, како најсериозна опција се истакнуваше Барселона.
Сепак, сега фудбалерот покажал желба да се договори со гигантот од Торино, па би можел да стане еден од главните фудбалери во тимот на Спалети. Медиумите пишуваат дека токму околу него би можел да биде граден тимот по мерка на италијанскиот стратег.
„Извор близок на неговите соработноци открива дека прашањето дали ќе го продолжи договорот зависи од него“, пишува италијанскиот новинар Даниеле Лонго.
Инаку, Влаховиќ во овој момент се опоравува од повреда и токму еден вистински голгетер е една од работите кои најмногу недостасуваше на Јувентус во последните натпревари.