Eкс-фудбалер на Арсенал за Тудор: Тој е како водинсталатер

Игор Тудор неодамна седна на клупата на Тотнем каде што пристигна како наследник на Томас Франк, но неговото доаѓање предизвика поделени реакции, многумина сметаат дека неговиот ангажман е преголем ризик.

Такво мислење има и поранешниот дефанзивец на Арсенал, Мартин Киоун. Во разговор за островските медиуми доведувањето на Тудор го спореди со ангажирање на водоисталатер.

„Не знам како стана тој „пожарникар“ за кого зборуваме. Во Марсеј, Лацио, Јувентус...не издржа ниту една календарска година. Не мислев дека ќе дојдеме до тоа да имаме тренери како водоисталатер – доаѓа набрзина завршува работа и си заминува. Тоа е голем ризик“, порача Тудор.

Тудор во последните 13 години водеше дури 12 клубови, а најчесто беше доведуван како решение во кризни ситуации. Токму таква улога има сега во Тотнем.