Димитриевски стартер за Валенсија против тимот кој долго се бореше за неговиот потпис

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски денеска ќе биде стартер за Валенсија во мечот против Леванте (18.30 часот), односно екипата која долго време се бореше за неговиот потпис минатото лето.

„Супердепорте“ објави дека управата на Леванте минатото лето правела напори да го добие Македонецот, но Валенсија имала преголеми финансиски барања и го запрела трансферот.

Димитриевски ѝ се приклучи на Валенсија, откако заврши неговата авантура во Рајо Валјекано, а во моментов брани за „лилјаците“ поради повредата на првиот голман Хулен Агирезабала.

Повеќе детали за обидот Леванте да го добие македонскиот голман може да прочитате ТУКА.

Фото: Valencia FC/Facebook