Скандалозниот црвен картон за Јувентус ќе промени ВАР-правило за СП 2026!?

Интер го доби дербито против Јувентус со 3-2, но мечот ќе остане запаметен и по скандалозниот црвен картон на дефанзивецот Пјер Калулу, кој би можел да предизвика промена во правилата за Светското првенство (СП).

Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи ја разгледува опцијата да овозможи видео-технологија да интервенира и при втор жолт картон, а наскоро треба да биде донесена конечна одлука.

Да потсетиме, Калулу вчера мораше да го напушти теренот во 42. минута поради два жолти картони, откако вториот му беше доделен по непостоечки прекршок.