Одличен настап на Ивановски: Во Севиља забележа трет најдобар резултат во кариерата

Македонскиот натпреварувач на долги патеки Дарио Ивановски забележа одличен настап на маратонот во Севиља што се одржа утринава.

Патеката од 42,195 километри, тој ја истрча за 2:12:23 часа што е негов трет најдобар резултат во кариерата. Иако е за четири минути послаб од неговиот и државен рекорд (2:08:26), сепак претставува извонредно време во оваа фаза од сезоната. Само 30 секунди го делеа Ивановски од вториот личен најдобар резултат во кариерата, од маратонот во Валенсија во 2023 година (2:11:53). Во конечниот пласман во Севиља го освои 38. место со нешто повеќе од осум минути заостанување зад победникот Шура Китата Тола од Етиопија.

Со денешниот резултат, Ивановски обезбеди пласман и на Европското првенство во Бирмингем што ќе се одржи во август годинава.