Атанасовска не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка на Олимписките игри

Македонската натпреварувачка Јана Атанасовска не успеа да стигне на целта на првата трка во велеслалом на Олимписките игри во Кортина Дампецо.

Патеката беше исклучително незгодна за што зборува и фактот што дури 14 скијачки не ја завршија трката. Атанасовска, за жал, излета околу средишниот дел откако промаши една капија.

Тинејџерката, сепак, ќе има уште една шанса на Олимписките игри и тоа во слалом на 18 февруари.