Атанасовска не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка на Олимписките игри
Патеката беше исклучително незгодна за што зборува и фактот што дури 14 скијачки не ја завршија трката. Атанасовска, за жал, излета околу средишниот дел откако промаши една капија.
Тинејџерката, сепак, ќе има уште една шанса на Олимписките игри и тоа во слалом на 18 февруари.