Превц со чудесен скок на големата скокалница освои олимписко злато (ВИДЕО)

Неверојатниот Домен Превц освои златен медал на големата скокалница, откако ја „прелета“ конкуренцијата во втората серија.

По првата серија делуваше дека Рен Никаидо може да го победи Превц. Јапонецот скокна 140 метри, додека Словенецот имаше скок од 138,5 метри.

Словенечкиот скијач, сепак, во втората серија воодушеви со скок од неверојатни 141,5 метри, па така собра вкупно 301,8 бодови и го освои олимпиското злато.

Сребрениот медал му припадна на Никаидо со 295 бодови, додека бронзата ја освои Каспер Томасиак со скокови од 133 и 138,5 метри, односно 291,2 бодови.

Фото: EPA