Двете најдобри тенисерки во светот нема да настапат во Дубаи

Двете најдобри тенисерки во светот, Арина Сабаленка и Ига Швјонтек се откажаа од настап на турнирот во Дубаи, а организаторите потврдија дека прва носителка ќе биде Елена Рибакина.

Сабаленка прва се „одјави“ од турнирот во Дубаи, а како причина наведе дека не е подготвена да даде 100 отсто од себе на теренот.

„Жал ми е затоа што морам да се повлечам. Имам голема љубов кон навивачите, градот и турнирот. За жал, не се чувствувам добро и не можам да дадам 100 отсто од себе“, кажа Сабаленка.

Швјонтек го следеше потегот на Сабаленка, па и таа се откажа од настап.

„Жал ми е што нема да играм оваа година во Дубаи поради промена на распоредот. Се гледаме во Индијан Велс“, посочи таа.

Фото: EPA