Тиквеш прв даде гол и само ја налути Шкендија (ВИДЕО)

По триумфот над Струга во првиот натпревар од вториот дел од сезоната екипата на Шкендија денеска славеше победа и против Тиквеш во Кавадарци со 4-1.

Не почна натпреварот најдобро за еден претендентите за титулата бидејќи Стојкоски го отвори резултатот по 24 минути игра, но тоа не ги откажа гостите од Тетово. Тамба во финишот од првиот дел се погрижи за реми на паузата.

Второто полувреме Шкендија доминираше, домаќините не успеваа да бидат конкурентите, а за целосен пресврт погоди Меличи во 48-та минута. Веќе во 66. минута Зејнулаи се погрижи за 3-1, додека конечните 4-1 ги постави засилувањето на Шкендија од Брера, Нзенгуе.

По овој триумф Шкендија изби на втората позиција со 42 бода, три помалку од Вардар кој сепак допрва утре треба да го игра натпреварот од ова 18-то коло и тоа на гости кај Работнички.