Мајсторија на Барди од слободен удар во поразот на Коњаспор во Аланија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Коњаспор загубија на гостувањето кај Аланијаспор со 1-2, а македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна уште еден прекрасен гол во турскиот шампионат.

 Руан во 37. минута донесе предност за Аланијаспор, додека Хадерѓонај зголеми на 2-0 од пенал во финишот од средбата, додека мајсторијата на Барди пристигна во 83. минута за конечни 1-2.

Фото: Facebook/Konyaspor