Модриќ стана трет највозрасен играч што погодил во Серија А

Хрватскиот репрезентативец во дресот на Милан, Лука Модриќ, синоќа стана третиот најворазен играч кој постигнал гол во италијанското првенство.

Ветеранот го постигна победничкиот гол за „росонерите“ во 85. минута, со што им обезбеди победа од 2-1 на гостувањето кај Пиза. Според Опта, пред Модриќ (40 години и 157 дена) се само Алесандро Костакурта (41 година и 25 дена) и рекордерот Златан Ибрахимовиќ (41 година и 166 дена).

Во сезоната 2025/26, прва во дресот на Милан, Модриќ постигна два гола и забележа три асистенции на 26 натпревари.