Партизан се врати од -15, но не го преживеа Реал Мадрид!
Реал Мадрид подобро го почна натпреварот и на одморот имаше убедлива предност од 43-33. Но, во третиот период Партизан почна забрзано да ја топи негативата која во еден момент изнесуваше и највисоки 15 поени, црно-белите во последните десет минути влегоа со -1.
Во последниот период Партизан неколкупати имаше водство, но кога се рашаваше победникот раката на домаќинот затрепери, Реал ја врати предноста и на крајот победи со 77-73.
Хезоња и Лајлс постигнаа по 14 поени за Реал Мадрид, исто толку во составот на Партизан имаше Браун.
Лудо беше на мечот меѓу Панатинаикос и Фенербахче на кој гостите победија со поени во последните секунди, Болдвин беше кошаркарот кој реализираше за триумф на турскиот тим. Конечниот резултат беше 85-83 за Фенер.
Во останатите денешни резултати од Евролигата, Жалгирис со 93-82 славеше над Хапоел Тел Авив, Монако со 102-92 ја победи Басконија, а Дубаи славеше гостинска победа кај Милано со убедливи 96-78.