Ѓоковиќ ги „изгоре“ Србите: Се чувствувам како Грк!

По настапот на Австралија Опен и посетата на Зимските олимписки игри во Милано, Новак Ѓоковиќ се врати во Грција, каде што неколку месеци живее со своето семејство.

За време на престојот во Атина, тој ја искористи можноста да се сретне со еден грчки министер, што предизвика голем интерес во јавност. Ѓоковиќ го проследи натпреварот од Евролигата меѓу Олимпијакос и Црвена Звезда, а престојот го искористи и за деловен состанок. Тој се сретна со грчкиот министер за миграција Танос Плеврис, а нивната заедничка фотографија наскоро беше објавена на социјалните мрежи.

„Голема чест е што Новак сака да остане во нашата земја со своето семејство“, изјави грчкиот министер.

Медиумите нагласија дека оваа изјава е значајна, со оглед на тоа што Ѓоковиќ често ја нагласува својата љубов кон татковината, но сепак ја избрал Грција за свој живот. Сепак, за српската јавност од исклучително значење е изјавата на Ѓоковиќ кој им изјавил љубов на Грците.

„Се чувствувам како Грк, но сè уште треба да научам грчки. Сè уште не сум многу добар во јазикот, не е лесно. Мојот план за оваа сезона е да останам здрав и среќен“, рекол Ѓоковиќ.