Maкедонскиот млад голман Павел Трајковски направи чекор напред во својата кариера и потпиша договор со тимот на Партизан.

Трајковски кој досега беше дел од академијата на Македонија Ѓорче Петров стави потпис на договор со белградскиот гигант каде што на почеток ќе се придружи на тимот до 19 години.

Покрај одличните настапи на голот на младите „лавови“, Трајковски добива и повик и во националните тимови на Македонија каде што ги помина сите генерации од 15 до сегашната до 19 години.