Паника на Олимписките игри: Спортистите останале без кондоми!
Дистрибуцијата на бесплатни контрацептивни средства во олимписките села е долгогодишна традиција со која организаторите промовираат безбеден сексуален однос и грижа за сексуалното здравје на спортистите.
Во Милано, покрај кондомите, натпреварувачите добиле и порака
„Здравје пред сè: превенција и здрав разум“, а гувернерот на Ломбардија,Aтилио Фонтана, одлучил на пакувањата да биде ставен и симболот на регионот.
Иако иницијативата добила поддршка, организаторите обезбедиле само 10.000 кондоми за целото времетраење на Игрите, поради што залихите исчезнале речиси веднаш.
„Залихите се потрошија за само три дена. Ни ветија дека ќе пристигнат нови, но кој знае кога“, изјавил анонимен спортист за „Ла Стампа“.
За споредба, на Олимписките игри во Париз во 2024 година биле поделени 300.000 кондоми, доволно за по два дневно за секој спортист.
Селото во Милано претставува привремен станбен комплекс со капацитет од околу 1.400 кревети. Спортистите се сместени во модуларни единици поврзани со патеки што водат кон заедничките простории.