Toтнем избра Хрват за нов тренер
Според информациите на Фабрицио Романо наскоро се очекува Тотнем да го потврди ангажманот на Тудор до крајот на сезоната, додека за на лето како главни фаворити се најавуваат Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино.
Дека навистина Тудор е на чекор од Тотнем пишува и новинарот Аласадир Голд кој секогаш важи за добро информиран кога во прашање е клубот од Лондон. Тој додава и дека Тудор сепак ќе има можност со резултатите и да се избори за долгорочен договор.
Причината поради која што се одлучиле за него наводно е тоа што во клубот сакале искусен стратег кој може брзо да донесе подобри резултати бидејќи тимот се наоѓа на 16-тата позиција и блиску до опасната зона.
Тудор во ваква улога беше и минатата година во Јувентус каде што подоцна доби и долгорочен договор откако ја исполни главната цел и се пласираше во Лигата на шампионите, но сезонава резултатите одново не беа на посакуваното ниво, па „старата дама“ го отпушти.