Јада 83. место на трката во крос-кантри на 10 километри

Maкедонскиот најискуен натпреварувач Ставре Јада денеска го имаше вториот настап на Зимските Олимписки Игри во Кортина и тоа на трката на 10 километри во крос-кантри.

Јада трката ја заврши со време од 25:28.09 и заостанување 04:52.07 зад победникот Клаебо што беше доволно да го освои 83. место од вкупно 113 натпреварувачи, двајца не ја завршија трката.

Претходно Јада настапи на спринт трката од 1.6 километри на која го освои 89. Место. Од македонските натпреварувачи во наредните денови до крајот на играта настапи имаат уште Виктор Петков и Јана Атанасовска во алпските дисциплини.