Британец шокираше на ЗОИ - скијаше во маица без ракави!

На Зимските олимписки игри денеска се одржа и трката во скијачко трчање на 10 километри, а до златниот медал стигна неприкосновениот Клаебо.

Норвежанецот уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдоминантните во овој спорт, освојувајќи го првото место со време од 20:36.2 минути. Среброто му припадна на Французинот Матје Десолге, кој заостанa 4,9 секунди зад победникот, додека бронзата ја освои Еинар Хедегард со 14 секунди послабо време од Клебо.

Сепак, покрај борбата за медалите, вниманието на јавноста го привлече и британскиот натпреварувач Ендрју Мусграва. Тој настапи во маица без ракави, иако температурата на стадионот беше само неколку степени над нулата. Мусграва на крајот заврши на шестото место, на околу петнаесет секунди од бронзата, резултат што беше блиску до сензација.