Охрид пак ќе добие милионска финансиска инјекција од општината, ама – помалку од лани!

Суперлигашот Охрид изминативе години е освежување на македонската ракометна сцена, откако со повеќе квалитетни играчки и тренерски трансфери влезе во кругот на најдобрите тимови во државата, со желба да ја разбие доминацијата на Вардар, Пелистер и Алкалоид, за една од причините за тоа е големата поддршка што ја добива од општината.

Според листата на одобрени средства на спортските колективи и манифестации за оваа година (види ТУКА), охридската локална самоуправа предвидела 1,2 милиони евра за сето ова, од кои речиси половина ќе завршат на сметка на ракометарите. РК Охрид годинава ќе добие 30 милиони денари од општината, повеќе од солидна сума, која , сепак, не е изненадувачка за луѓето од овој град. Според информациите што може да се добијат од официјалните државни институции, суперлигашот од градот крај Охридското езеро во 2025 година на својата сметка добил 32,6 милиони денари или речиси 50.000 евра помалку од сумата што засега е предвидена во општинскиот буџет.

Охрид ваквата финансиска инјекција заега ја оправдува со добри игри, за што доказ е пласманот на третата позиција на табелата со 33 бодови, пет помалку од лидерот Вардар и само еден помалку од Пелистер.