Ал Хилал го понижи Нуњез по доаѓањето на Бензема (ФОТО)

Дарвин Нуњез доби големо понижување од Ал Хилал, односно екипата не го регистрира за натпреварите во саудиската лига по доаѓањето на Карим Бензема

Ова значи дека Нуњез ќе биде достапен само за натпревари во азиската Лига на шампиони, додека за домашниот шампионат ќе биде надвор од конкуренција.

Нуњез досега настапи на 16 меча во саудискиот шампионат, при што постигна шест голови и четири асистенции, па засега не е познато како ќе ја прифати одлуката на управата на Ал Хилал.

Фото: Facebook/AlHilal Saudi