ИОК го избрка Украинецот со кацигата со мртвите спортисти
Одлуката ја донесе Интернационалниот олимписки комитет, на помалку од еден час откако тој требаше да се натпреварува за медал. Утринава, претседателката на ИОК, Кирсти Ковентри направи уште еден обид да го убеди Хераскевич, но тоа беше безуспешно, по што на Украинецот му беше одземена акредитацијата и доби дисквалификација.
„Ова е цената на нашето достоинство“, се огласи веднаш потоа Хераскевич на социјалните мрежи, додавајќи дека ИОК неправилно ги толкува правилата, а побара и извинување од Олимпискиот комитет за дискриминаторското однесување кон него.
Тој го носеше знамето на Украина на отворањето на Зимските олимписки игри и беше еден од хероите на својата нација која веќе четири години се брани од рускиот агресор.