Убавицата на Џејк Пол освои злато со олимписки рекорд - тој плачеше како мало дете! (ВИДЕО)

Најдобрата холандска лизгачка, Јута Лердам имаше фантастично издание на Зимските олимписки игри откако беше најбрза на 1.000 метри и тоа со рекорд.

Јута Лердам е ѕвезда во спортот кој не е популарен кај нас, но и најголемиот дел од светот, па холандската убавица е попозната како девојката на славниот јутјубер и боксер во последно време, Џејк Пол.

Таа денеска беше најбрза во брзо лизгање на 1.000 метри и тоа со олимписки рекорд, 1:12.31 беше нејзиното време.

Лердман е седумкратна светска шампионка, но за неа ова беше прво злато на олимписките игри, на минатите го освои среброто.

Џејк Пол со многу емоции ја проследи нејзината трка, плачеше по завршувањето.