Халанд е машина: Не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Ерлинг Халанд продолжува да доминира во Премиер лигата, но има само едно место каде што сè уште не успеал да постигне гол и тоа е домот на Сандерленд, „Стадионот на Светлината“.

Норвешкиот напаѓач беше без гол и на „Енфилд“, но тоа се промени во вчерашното дерби против Ливерпул, па сега се запишал во листата на стрелци на 19 од вкупно 20 стадиони на кои играл во Англија. 

На стадионот на Сандерленд, Халанд досега одигра два натпревари, но и во двата не постигна гол, а не победи ниту Сити одигрувајќи реми 0-0. 

Нема дилеми дека ваквиот податок за Халанд ќе биде само дополнителен мотив во наредните натпревари против Сандерленд да ја промени оваа ситуација и да има гол на секој стадион на кој настапил во англискиот фудбал.