Ѓорческа скокна уште 12 места, сѐ поблиску е до најдобриот пласман во кариерата

Пласманот во полуфиналето на турнирот во Порто ѝ донесе скок од 12 позиции на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.

На најновата ранг листа, објавена денеска, таа се најде на 182. позиција, а сметајќи од почетокот на годината, таа се искачила за вкупно 23 места. Со ова, Ѓорческа е се поблиску до нејзиниот најдобар пласман во кариерата – 170. позиција каде се наоѓаше во 2017 година.

Единствено во моментов загрижува начинот на кој Лина го заврши настапот во Порто бидејќи во полуфиналето ѝ предаде на Кроули во вториот сет.