Работнички конечно ја прекина низата порази - триумф над Кожув!

По пет последователни порази, Работнички конечно забележа победа откако со 99-92 го совлада тимот на Кожув, за центарците ова беше прв триумф оваа година.

Во пресрет на денешниот дуел, Работнички беше во очајна форма, но денеска успеаа да се израдуваат на триумф.

Работнички водеше во текот на целиот меч, на почетокот од последниот период имаа и највисоки 13 поени разлика, на крајот славеа со седум, конечниот резултат беше 99-92.

Рикиќ имаше фантастична партија, постигна 34 поени, имаше и 14 скокови, Ефремовски постигна 21, Костоски 20. Кај Кожув најефикасен беше Бојчев со 21 поен.

По 15 одиграни натпревари Работнички има шест победи и девет порази, Кожув осум триумфи и седум загубени меча.