ПМФЛ остана без еден од најдобрите играчи!

Напаѓачот на Арсими, Шефит Шефити замина во Обединетите Арапски Емирати каде ќе игра за Хата до крајот од сезоната.

Во првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шефит Шефити даде 11 голови на 12 натпревари. Тој беше еден од најдобрите играчи.

Таквите негови игри му овозможија трансфер. Шефити стави потпис на договор со екипата на Хата со која потпиша до крајот на сезоната.

Со овој трансфер Арсими е ослабен за вториот дел од сезоната, а дали тоа ќе се одрази врз резултатите, останува да се види.

Шефити кариерата ја почна во Шкендија, а покрај овој тим и Арсими, играше и за Ренова, Приштина и Беса.